Македонија

МОН објави повици за ангажирање образовни медијатори за поддршка на ученици Роми во основните и средните училишта

Министерството за образование и наука објави јавни повици за ангажирање образовни медијатори за поддршка на образованието на ученици Роми за учебната 2025/2026 година – педесет за основно и 35 за средно образование.

МОН објави повици за ангажирање образовни медијатори за поддршка на ученици Роми во основните и средните училишта

Министерството за образование и наука објави јавни повици за ангажирање образовни медијатори за поддршка на образованието на ученици Роми за учебната 2025/2026 година – педесет за основно и 35 за средно образование.

Како што наведува МОН во објавените повици, се работи за дополнителна поддршка на учениците Роми кои потекнуваат од социјално загрозени семејства и/или се подолго време надвор од образовниот систем.

-Улогата на образовниот медијатор е да помогне и презема активности за подобрување на информираноста за можностите и пристапот до училиштата, спроведува редовни средби за сензибилизација на населението и вработените во основното училиште со спецификите и потребите на ранливите групи во делот на образованието, редовно соработува со стручните соработници и наставниците за подобрување на постигањата на учениците, презема активности за намалување на напуштањето на воспитно-образовниот процес на учениците, стои во објавата на МОН.

Во повиците е наведено кој може да аплицира за образовни медијатори за Роми, кои се задачите и обврските на медијаторот за образовна инклузија на учениците Роми и потребните документи што треба да ги поднесат со апликацијата.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

За ангажманот на ромските образовни медијатори хонорарот месечно ќе изнесува 20.000 денари, за период од најмногу три месеци во текот на 2025 и седум месеци во текот на 2026 година.

Кандидатите кои ги исполнуваат условите од двата јавни повика (за основно и за средно образование) треба да пополнат електронска пријава и да ја прикачуат потребната документација преку платформата http://e-uslugi.mon.gov.mk, во периодот од 1 август до 1 октомври 2025 година, без потреба од физичко доставување до Министерството.

Најнови вести од Македонија

To top