Македонија

Бислимовски не очекува промена на цената на електричната енергија за домаќинствата

Бислимовски не очекува промена на цената на електричната енергија за домаќинствата

Оваа година во јуни се распишува тендер за универзалниот снабдувач ЕВН хоум. Тоа е отворен тендер, но вообичаено секогаш се јавува ЕСМ кој, факт е дека има далеку пониска цена од пазарната. Од најавите кои ги слушам најверојатно ќе се оди со истата цена од 62 евра за мегават/час, информира претседателот на Регулаторната комисија за енергетика водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) Марко Бислимовски.

Тој појаснува дека од пред година и половина цените за пренос и дистрибуција отсега ќе се определуваат во ноември и декември.

-А кога ќе ги определиме нив ќе мора да ја определиме цената на универзалниот снабдувач имајќи во предвид дека и тогаш ќе се распишува тендер, рече Бислимовски во Топ Тема на ТВ Телма.

Тој говореше и за евентуалната промена на цената на електричната енергија.

-Јас не очекувам дека ќе има промена на електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи, вели Бислимовски.

Според него факт е дека во последните години ЕСМ започна да увезува јаглен и тоа влијае на производната цена на ЕСМ.

To top