-Во тој контекст, и Египќаните како посебна, автохтона и автентична етничка заедница, која се карактеризира со својата лојалност, конструктивност и посветеност кон развојот на демократските процеси и европски вредности во Македонија, која исклучително сака да придонесе кон поголем степен на остварување на правата и слободите, интензивирање на институционално-интегрирачките процеси во Македонија, треба да бидат дел од МУЛТИЕТНИЧКАТА ВЛАДА ПРЕДВОДЕНА ОД ПРЕМИЕРОТ ПРОФ.Д Р ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, ова и повеќе од фактот дека огромно мнозинство даде силна поддршка на Парламентарните а и пред тоа и на Локалните избори на кандидатите предложени од страна на ВМРО ДПМНЕ, со која НГИ „КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИ“ има потпишано Меморандум за Соработка, и која се очекува истата соработка да продолжи со поголем интензитет.
Вклучувањето на Египќаните во Владата, е демократска придобивка за Македонија, истакна лидерот на НГИ „КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИ“ Демир Далип.