Македонија од плажа на прес против прогресот на македонија

Политички давеници: Филипче е ПРОТИВ СТРАТЕШКИОТ ДОГОВОР СО ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО, бил антиевропски?!

„Се става акцент само на Коридор 10. Да се земаат толкави кредити, а паралелно да се блокира европскиот пат, е некоректно. Се задолжуваат идните генерации за инфраструктурни проекти“, додаде со неиспеглана кошула Филипче доаѓајќи веројатно директно од аеродром по викенд-прошетките, без притоа да приложи барем еден податок како тоа наводно се прави. Дали, треба како во нивно време, генерациите да се задолжуваат за градење на НИШТО, прашаа веднаш граѓаните на социјалните мрежи, потсетувајќи на милијардите задолжувања и енормното растење на јавниот долг во услови кога најголем и единствен капитален проект беше тунелот што затворениците го ископаа под затворот Идризово…

Политички давеници: Филипче е ПРОТИВ СТРАТЕШКИОТ ДОГОВОР СО ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО, бил антиевропски?!

Без ниту еден презентиран контра-аргумент, претседателот на СДСМ и сопственик на ЗЛАТНА ВИЗА за Дубаи застана јавно против проектите и договорот за стартешко партнерство на Македонија со Обединетото Кралство. На прес-конференција, велат директно по викенд минат на плажа, Венко Филипче го нарече договорот АНТИЕВРОПСКИ. Во превод, Филипче е против влез од 6 МИЛИЈАРДИ ЕВРА инвестиции во Македонија, односно против прогрес на сопствената држава и благодет на сограѓаните. Се’ што се кажа беше во рамките на народното „рекла-казала“, без ниту еден факт. Во светот ова се вика – пласирање лажни тези за кои немате никаква поткрепа или „пуштање бубачка“ меѓу граѓаните.

-Начинот на заемот за вакви проекти ја бележи оваа влада како антиевропска, изјави Филипче. Човекот со необјаснето потекло на ЗЛАТНА ВИЗА (која бара минимум инвестиција од 550.000 долари во ОАЕ) додаде и дека наместо да го блокира патот кон Европската Унија, Владата требала да ги искористи можностите кои ги нуди ЕУ, како што се неповратните грантови.

Симптоматично и крајно аматерски тој постави и прашање соодветно на „муабет“ од пред кооперација –  „Ниту ги знаеме каматите, ниту потеклото на парите?!“, алудирајќи притоа и директно навредувајќи го Обединетото Кралство кое небаре ни дава нелегални средства од криминални трезори без јасно потекло, заборавајќи дека тоа е Велика Британија, а не сомнителна кинеска фирма со која склучувате договор за ДЕСЕТ ПАТИ ПОСКАПИ АНТИКОРОНА ВАКЦИНИ и дека таквите врски со криминалци и пасоши беа „посластица“ од ресорот на неговиот колега министер за внатрешни работи од Куманово.

Филипче, без јасно видлива боја фатена на плажа викендов,  јасно застана и против изградбата на брза пруга во Коридорот 10, која ја нарече „големиот кредит за брзата железница север-југ“, која од една страна – иако била потребна за државата, отворала прашање за нејзиниот приоритет.

„Се става акцент само на Коридор 10. Да се земаат толкави кредити, а паралелно да се блокира европскиот пат, е некоректно. Се задолжуваат идните генерации за инфраструктурни проекти“, додаде со неиспеглана кошула Филипче доаѓајќи веројатно директно од аеродром по викенд-прошетките, без притоа да приложи барем еден податок како тоа наводно се прави. Дали, треба како во нивно време, генерациите да се задолжуваат за градење на НИШТО, прашаа веднаш граѓаните на социјалните мрежи, потсетувајќи на милијардите задолжувања и енормното растење на јавниот долг во услови кога најголем и единствен капитален проект беше тунелот што затворениците го ископаа под затворот Идризово…

Дополнително и очекувано од сите, тој јасно потврди дека ќе има средба со Арбен Таравари, кој неодамна се повлече од ВЛЕН, за која рече дека е одложена за оваа недела, посочувајќи  и потенцирајќи ја желбата во стилот на „гладна кокошка просо сонува“ оти владината коалиција се распаѓала само една година по нејзиното формирање.

Не даде одговор околу златната виза и дали се врати од плажа за да го соопшти тоа дека се против прогрес на Македонија и македонските граѓани?

Не кажа ни дали се согласува со семејствата од Модуларната болница во Тетово  – дека треба да одговара за смртта нА 14 живоизгорени луѓе со Анѓушев?

Пропушти да соопшти дали ќе понесе одговорност и за најморбидната афера на Онкологија, ниту за бизнисот со вакцините од Кина, ќе дообјасни за хациендата во скопско Нерези, за лумперајќите со Заев на Харис Џиновиќ итн.

Поентата беше да каже дека СДСМ е против се’ што е добро за Македонија и дека по ова ПАСОК ќе биде за нив партија со низок пад и огромно членство, а СДСМОВИЗАЦИЈА ќе биде нов регионален и светски поим за гаснење на партија и заминување во историја…

 

To top