По наредба на јавен обвинител во тек е акција за приведување на повеќе лица, а во насока на проширување на истрагата за пожарот во Кочани, потврдуваат од Обвинителството.
Оттаму додаваат дека надлежните иституциите ќе ја информираат јавноста координирано штом бидат завршени дејствијата кои се во тек.
Според најновите информации на КУРИР со новата акција опфатени се актуелен министер, директор и поранешни функционери и министри.
По наредба на надлежен обвинител, БЈБ на МВР ги обезбедува за истрагата актуелниот министер без ресор и поренешен директор на ДЗС, Шабан Салиу и актуелниот директор на ДЗС, Џеват Селами.
Опфатени во истрагата се и поранешните министри за економија уште од минатата влада на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ – Беким Незири, Дритон Кучи и Ваљон Сарачини.
Вклучени во истрагата се и поранешниот директор на ДЗС, Аднан Џаферовски, поранешниот директор на пазарен инспекторат, Виктор Дерменџиев. Опфатени се и повеќе поранешни функционери.