Регион Дали на повидок се нови избори во Бугарија?

Во бугарското Собрание поднесено барање за гласање недоверба на Владата

Пратеничките групи на „Преродба“, „Морал, единство и чест“ и „Величина“ денеска во Народното собрание на Бугарија поднесоа барање за гласање недоверба на Владата на Росен Желјазков поради неуспех во надворешната политика. Ова за БТА го соопштија од прес центарот на „Преродба“.

Барањето за изгласување недоверба е на иницијатива на „Преродба“.

Лидерот на „Преродба“, Костадин Костадинов претходно за новинарите изјави дека барањето за гласањето недоверба чисто математички, нема како да помине.

„Тоа што не може да помине не значи дека не треба да ги изнесуваме нашите аргументи“, објасни Костадинов и додаде дека гласањето недоверба е најсилната алатка од страна на опозицијата и ова ќе биде само прво гласање за недоверба.

Во пленарната сала, претседателката на Собранието, Наталија Киселова соопшти дека 54 пратеници од пратеничките групи на „Преродба“, „Морал, единство и чест“ и „Величина“ предлагаат Народното собрание да му изгласа недоверба на Министерскиот совет со премиерот Росен Желјазков поради неуспехот на Владата во секторот „Надворешна политика“.

To top