Како што денеска информира портпаролот на СВР Велес, Билјана Ѓаковска, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Инаку веќе четвртта недела родителите на учениците поддржани од жителите и наставниците ја бојкотираат наставата ,а децата седат дома,тие имаат единствено барање до МОН да ја укине новоформираната паралелка на албански наставен јазик, а четирите првачиња да се вратат на настава со своите другарчиња Македонци со кои учеа заедно од 1 септември. Се жалат дека директорката Николова одбива да разговара со нив, а тие не и дозволиле да влезе во училиштето, информираат за МИА од Советот на родители. Како што појасни Цвета Пешовска родител и член на Советот на родители, директорката Николова сепак во два-три наврати од родителите била пуштена во училишната зграда. Според Пешовска, директорката и самата влегувала во училишната зграда уште рано во 5 часот наутро, пред во дворот да дојдат родителите на мирен протест.
В.д директорката Елена Николова денеска не се појавиле во дворот на училиштето, информираат од Советот на родители.