Хроника Насилство

Мајка и две мали деца повредени, три дена биле тепани од нејзиниот партнер

Постапувајќи по пријавата полициски службеници го лишиле од слобода Ф.Ф., како и неговиот татко И.Ф (68) кој што во текот на полициското службено постапување со секира ги нападнал полициските службеници.

Мајка и две мали деца повредени, три дена биле тепани од нејзиниот партнер

На 07.03.2025 година во 19:00 часот во Полициската станица Чаир, било пријавено дека истиот ден околу 14:30 часот на подрачјето на Аеродром, 39-годишна жена заедно со две малолетни деца биле исфрлени од возило управувано од нејзиниот вонбрачен партнер Ф.Ф. (24 ) од село Радуша.

При укажување на лекарска помош во клиничкиот центар „Мајка Тереза“ констатирани се тешки телесни повреди како кај 39 годишната жена така и кај нејзините две малолетни деца, а кои што според кажувањето на мајката биле предизвикани од Ф.Ф. кој што во изминатите три дена во куќа во селото Визбегово ги тепал со тврд предмет неа и нејзините две деца.

Постапувајќи по пријавата полициски службеници го лишиле од слобода Ф.Ф., како и неговиот татко И.Ф (68) кој што во текот на полициското службено постапување со секира ги нападнал полициските службеници.

По целосно документирање на случајот ќе следат соодветни пријави.

Најнови вести од Хроника

To top