Најмалку 10 лица загинаа во нападот на училиштето за возрасни во централна Шведска. Пукањето се случило во Оребро, 200 километри западно од Стокхолм. Полицијата соопшти дека се убиени 10 лица, а меѓу загинатите е и самиот напаѓач.
Тие ја отфрлаат можноста дека нападот бил тероризам, и веруваат дека напаѓачот дејствувал сам.
На втората прес-конференција, полицијата соопшти дека „десетина лица се убиени“ во пукање во училиштето за возрасни „Кампус Рисбергска“. Се работи на нивно идентификување.
Мотивот за овој страшен настан е непознат. Според медиумите, напаѓачот имал 35 години, а полицијата испитува дали имал помагачи во овој напад.