Најмалку две лица загинаа, а 12 се водат како исчезнати по уривање на мост во северен Бразил, соопштија денеска локалните власти.
Четири камиони, два автомобили и два мотоцикли се наоѓале на делот од мостот што се урнал вчера попладне, меѓу бразилските држави Маранџао на североисток и Токантинс на север, соопштија властите.
Два камиони превезувале сулфурна киселина, што ја „отежнува потрагата“ по исчезнатите лица поради можна контаминација на водата, соопшти полицијата.
Водоснабдувањето во областа е прекинато.
Drone footage shot by an eyewitness on Dec. 22 shows how a bridge connecting two states in Brazil’s northeastern region collapsed as vehicles were crossing, killing at least two people and spilling sulfuric acid into the Tocantins River. pic.twitter.com/17f4JmGpmX
— NTD News (@NTDNews) December 23, 2024
Мостот, долг повеќе од 500 метри и изграден во 1960-тите, е главната рута за поврзување меѓу двете бразилски сојузни држави.
Сè уште не е позната точната причина за уривањето, иако првичните докази од Националното одделение за транспортна инфраструктура покажуваат дека се урнала централната греда.
Brazil, a bridge collapsed while a local MP was filming a huge crack.Two trucks fell into the river, killing one of the drivers. pic.twitter.com/OwjPGIir4V
— Truthseeker (@Xx17965797N) December 23, 2024