Политичкиот аналитичар Сефер Селими, во емисијата клик плус, на телевизија 21, каде гостин беше претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во насока на последните акции на МВР против криминалот и корупцијата истакна:
-Ова е за поздравување, јас не верувам дека има некој чесен граѓанин, во ова држава, кој не ја поздравува и не ја подржува оваа борба против сите оние поединци кои ја злоупотребиле и функцијата и довербата, дадена од граѓаните но и од политичките структури.