Артан Груби од ДУИ со неговите помагачи од СДС со години се мешаа во правосудните органи. За седум годиштното нивно заедничко владеење во криминалната коалиција вршеле притисоци во судството и одлуки се носеле по нивна нарачка и диктат, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Артан Груби, поддржан и помогнат од паретиците СДС, со години палел и гасел, бил алфа и омега во судството. Судиите и обвинителите се бираа во партиските штабови на СДС и ДУИ.
Тоа се гледа и по одлуките што ги носеле. Наместо по закон, судиите носеле одлуки под диктат и налог на Артан Груби.
Кога САД обелоденија, и за тоа го ставија и на црната листа, дека Артан Груби земал пари за да влијае врз судството и да обликува одлуки по негова мерка, прашуваме колку судски одлуки се донесени под негов диктат и колку предмети спречил да го видат светлото на денот?
Од друга страна се поставува уште едно прашање, колку се офајдил Артан Груби, односно колку мито зел за да влијае врз судски одлуки, колку пари спечалил на сметка на забошотување на правдата и со кого ги делел парите?
Од сето ова излегува дека не случајно довербата на граѓаните во судството е само 2%. Таа е ниска поради тоа што судиите не работеле по закон, туку под притисок и диктат на Артан Груби, кој беше вицепремиер во криминалната влада на СДС и ДУИ.
Груби и СДС го приватизираа и си направија судство коие ќе суди по нивна нарачка, а можеби и парите од митото кои ги земал за да влијае на судски одлуки заеднички ги делеле?
Стравот и паниката кај ДУИ и СДС е што сега веќе не можат да влијаат на судски одлуки и обвинија и затоа што им следи приод во кој ќе треба да одговараат за сите криминали што ги правеле, стои во соопштението на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.