„Одлука полна со храброст“, со овие зборови, по оние пофалните на Ахмети, во одбрана на ликот и неделото на Груби застана и екс министерот Бектеши, контрирајќи и директно на амбасадорката на САД, Анџела Агелер. Продолжува и со патетиката дека Артан се издвојувал од другите кога било време за големи одлуки, па се до тоа дека бил вредна личност со високи вредности. Со ова не се согласуваат САД, Агелер и најголемиот дел од македонската јавност и политичари.
Логиката вели, ако некој (Груби) е полн со храброст и вредна личност, тогаш не е криминалец и е невин. Чист ко солза, вели за себе Артан. А така не тврди амбасадорката Агелер, која предочи постоее силни докази за неговото кривично дело. Дали со ова Бектеши директно вели дека Агелер лаже? Знае ли Ахмети за ова, прашуваат со потсмев познавачите. Кому ќе му верувате, на Стејт Департментот или на Бектеши и Груби, е главната дилема на аналитичарите.
– Тие што го познаваат Артан, добро знаат дека тој носи одлуки од општ интерес, а не од личен, напиша на социјалните мрежи поранешниот министер за економија Крешник Бектеши по одлуката на неговиот сопартиец Артан Груби да се повлече од политиката откако беше објавено дека е ставен на т.н „црна листа“ на САД.
„Така е и оваа одлука полна со храброст, каде семејството е пред се. Артан се издвојува од многу други кога е време за големи одлуки“, пишува Бектеши.
„И покрај се, за мене и јас верувам дека и многу други кои те познаваат колегијално но и приватно, продолжуваш да бидеш вредна личност со високи доблести“, додава Бектеши за Артан Груби.