Македонија обвинителството на потег

Гласот на САД допре до Коцевски: Оформен предмет по ставањето на Груби и Беџети на „црната листа“

Прашан дали во случајот со Груби и судијата Беџети ќе се истражува и давачот на поткупот, на брифингот беше кажано дека ќе се истражуваат сите аспекти. Информациите врз основа на кои е оформен предметот се оние добиени од медиумите кои го пренесоа соопштението на Стејт департментот.

Гласот на САД допре до Коцевски: Оформен предмет по ставањето на Груби и Беџети на „црната листа“

Оформен е предмет за поранешниот прв вицепремиер Артан Губи и судијата Енвер Беџети откако завчера беа ставени на „црната листа” на САД. Ова денеска на брифинг со новинарите го соопшти државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.

Тој посочи дека предметот, кој бил оформен вчера, е доставен до надлежно обвинителство за прибирање докази.

-Поради сериозноста на наводите во последното назначување лица на „црната листа“ на САД, ги искористив своите овластувања и уште вчера оформив предмет за обезбедување докази во врска со наводите за трговија со влијание. Предметот е доставен до надлежно јавно обвинителство, рече Коцевски.

За соработката со САД и конкретно со американската амбасада во земјава, Коцевски рече дека е одлична и додаде дека оттаму ги помагаат активностите на Обвинителството за борба против криминалот и корупцијата.

Прашан дали во случајот со Груби и судијата Беџети ќе се истражува и давачот на поткупот, на брифингот беше кажано дека ќе се истражуваат сите аспекти. Информациите врз основа на кои е оформен предметот се оние добиени од медиумите кои го пренесоа соопштението на Стејт департментот.

Стејт департментот на САД завчера соопшти дека воведува санкции против поранешниот заменик-претседател на Владата на Македонија Груби и судијата на Апелацискиот суд Беџети поради нивна вмешаност во значителна корупција.

Според соопштението, Груби и Беџети примале мито со цел да ги поткопаат судските процеси поврзани со кривичната осуда на Сашо Мијалков, поранешен директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК). Мијалков беше санкциониран во 2022 година за значителна корупција според Секцијата 7031(в) од Законот за надворешни операции и поврзани програми на Стејт департментот. Покрај санкциите за Груби и Беџети, забрани за влез во САД се воведени и за членовите на нивните семејства.

Најнови вести од Македонија

To top