Македонија Токсиколошки совети за подобро здравје

Токсикологот проф. д-р Чибишев за Курир: Како да се зашитите од загадениот воздух, последици и најранливи групи

Постојаната изложеност на зголемени концетрации на јаглероден моноксид и и јаглероден диоксид предизвикуваат ослабено снабдување на мозокот и централниот нервен систем со кислород што резултира со главоболки, вртоглавица, ослабена меморија.   На подолг период ваквото загадување ќе предизвика зголемен број на хронични кардиоваскуларни, белодоробни  и невролошки заболувања. Тоа ја зголемува можноста за појава на тешки хронични заболувања и појава на малигни тумори., прдупредува проф. д-р Андон Чибишев во изјавата за Курир и посочува како граѓаните да се заштитат од загадувањето.

Токсикологот проф. д-р Чибишев за Курир: Како да се зашитите од загадениот воздух, последици и најранливи групи

За жал Македонија, а посебно  големите урбани центри, Скопје, Струмица и др. и оваа година се соочуваат со енормното загадување на амбиенталниот воздух, посочува за Курир универзитетскиот професор и директор на Клиниката за токсикологија, проф. д-р Андон Чибишев, кој потенцира дека загадувачите секоја година се повторуваат во форма на ПМ честички, јаглероден моноксид, јаглероден диоксид, азотни оксиди, сулфурводород, сулфур диоксид и пареи од тешки метали како што се олово, жива и кадмиум.

„Надлежните институции во изминатиот период не преземаа доволно ефикасни мерки за оваа состојба да се ублажи. Ветувањата за чист планински воздух и решавање на проблемот со загадувањето останаа празно ветување и некои наши урбани центри ги направија шампиони во загаденост и неподносливост на урбаното живеење“ цени професор Чибишев.

„Ваквото енормно загадување предизвикува на краток рок иритација и сериозни инфекции на горните респираторни патишта, особено кај децата,кај повозрасната популација и граѓани со присутни хронични заболувања. Ваквата изложеност се манифестира со хронична кашлица заради иритантното дејство на гасовите кои во контакт со слузокожата на дишните патишта формираат слаби киселини кои исклучително се надразнувачки  и  токсични за респираторниот систем и го ослабуваат имунолошкиот систем.

Постојаната изложеност на зголемени концетрации на јаглероден моноксид и и јаглероден диоксид предизвикуваат ослабено снабдување на мозокот и централниот нервен систем со кислород што резултира со главоболки, вртоглавица, ослабена меморија.

На подолг период ваквото загадување ќе предизвика зголемен број на хронични кардиоваскуларни, белодоробни  и невролошки заболувања. Тоа ја зголемува можноста за појава на тешки хронични заболувања и појава на малигни тумори.  Пареата на тешките метали доведува до зголемена можност од депонирање на некои партикли од тешките метали во коскената срж и бубрезите и пореметување на процесот на физиолошкото зреење на крвата лоза и зголемена можност за крвни малигни болести и компромитирање на работата на бубрезите,“ оценува универзитетскиот професор и токсиколог, наведувајќи ги можните последици за човекот од прекумерна изложеност за екстремно загаден воздух.

„Граѓаните не можат  ефикасно да се заштитат, меѓутоа се препорачува, непотребно да не престојуваат на отворено, да избегнуваат физичка активност , посебно во надворешна средина, да носат заштиа на носот и устата, хируршки маски , маски КН 95, шал и слично, за минимално да го оневозможат вдишувањето на овие штетни гасови кои можат сериозно да го нарушат здравјето,“ им препорачува проф. д-р Чибишев на граѓаните во изјавата за Курир.

Тој ги поздрави и поддржа долгорочните планови на Македонската влада, која грижејќи се за здравјето на граѓаните, веќе разви план и стратегија за намалување на загадувањето, која по многу година пауза на ова поле, конечно стартува со борба со оваа рак рана на македонското општество, која минатите влади само ја констатираа и не направија ништо околу горливиот проблем.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера обзнани дека за 60% ќе биде намалено загадувањето, но тоа не е нешто што се решава веднаш, туку ќе треба да помине период од барем три години. Министерството за животна средина и просторно планирање пак, ги интензивира активностите за чист воздух.

Најнови вести од Македонија

To top