Пет наспрема еден, ова е соодносот на довербата на премиерот и претседател на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во споредба со неговиот политички опонент од СДСМ, Венко Филипче.
27,8% е довербата на Мицкоски, а во Филипче доверба имаат 5.5 насто од граѓаните. Втор по рејтинг во државата е претседателот на ДУИ, Али Ахмети со рејтинг од 8,6%.
На 4-то место е Максим Димитриевски со рејтинг од 4,3 отсто, потоа Димитар Апасиев со 4 проценти. Следуваат Арбен Таравари со 2,7 %, Африм Гаши- 2,1 проценти, Изет Меџити- 1,9 %, Бранко Црвенковски со 1,5 %, Билал Касами- 1,4 отсто.
Никола Груевски и Стево Пендаровски имаат ист рејтинг од 1,1 %, а во Димитар Ковачевски никој не ни верува- рејтингот му е 0,00 проценти.
Ова е анкета на на Ипис, направена со телефонски и теренски дел – едната во периодот од 9-ти до 13 октомври на 1500, а теренската од 1-ви до 20 октомври на 1005 испитаници. Информациите од неа ги пренесе премиерот Христијан Мицкоски на првиот брифинг со новинарите по стартот на новата влада.