Македонија Надеж за конструктивна влада во Бугарија

Мицкоски за изборите во Бугарија: Се надеваме дека ќе има Влада и дека ќе можеме да седнеме и да најдеме решение да го одблокираме патот на Македонија во ЕУ

Ќе видиме како ќе се развиваат работите. Се надеваме дека ќе има Влада и дека нема да има осми избори по ред и дека ќе можеме да седнеме и да најдеме решение да го одблокираме патот на Македонија во ЕУ – изјави Мицкоски по извршување надзор во работата на автопатската делница Гостивар – Букојчани.

Мицкоски за изборите во Бугарија: Се надеваме дека ќе има Влада и дека ќе можеме да седнеме и да најдеме решение да го одблокираме патот на Македонија во ЕУ

Премиерот Христијан Мицкоски очекува Бугарија да формира нова влада по последните парламентарни избори што се одржаа вчера.

– Интересен мозаик ќе има во бугарскиот Парламент. Очекувам влада од три партнери. Без овие две не може да се направи влада ГЕРБ-СДС и Продолжуваат промените – Демократска Бугарија. Ќе видиме како ќе се развиваат работите. Се надеваме дека ќе има Влада и дека нема да има осми избори по ред и дека ќе можеме да седнеме и да најдеме решение да го одблокираме патот на Македонија во ЕУ – изјави Мицкоски по извршување надзор во работата на автопатската делница Гостивар – Букојчани.

Мицкоски не одговори дали му честитал на лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов со оглед дека неговата партија освои најмногу гласови и би требало да ја формира новата влада.

ГЕРБ на Борисов освои 25% од гласовите на вчерашните парламентарни избори во Бугарија. Конечните резултати се очекуваат денеска, а доколку првичните податоци се покажат како точни, Борисов ќе добие мандат да ја формира својата четврта влада, но ќе мора да бара коалициски партнери за формирање на кабинетот.

To top