Македонија Благословот на незнаењето

ТВ Алфа: Бугарскиот историчар Димитров пред средбата „Не знам, не знам, ништо не знам“

„Не знам, не знам, ништо не знам… Не, не ги познавам. Претседателот го знаеме, но тоа не е доволно, Комисијата е од седум члена. Ви кажав дека не знам, ќе ви кажам после средбата, сега не знам“ изјави Ангел Димитров – копретседател на историската комисија.

ТВ Алфа: Бугарскиот историчар Димитров пред средбата „Не знам, не знам, ништо не знам“

Не знам, не знам, ништо не знам. Ова е одговорот на Ангел Димитров шефот на бугарскиот дел за очекувањата од средбата со новата историска комисија од македонска страна и бугарските историчари, пренесува ТВ Алфа. Димитров не можел да говори каков резултат ќе има средбата бидејќи не ги познавал новите членови на Комисијата, се познавал само со првиот човек Ванчо Ѓоргиев.

  • Не знам, не знам, ништо не знам… Не, не ги познавам. Претседателот го знаеме, но тоа не е доволно, Комисијата е од седум члена. Ви кажав дека не знам, ќе ви кажам после средбата, сега не знам“ изјави Ангел Димитров – копретседател на историската комисија.

Македонија има нова историска комисија, предводена од универзитетскиот професор Ванчо Ѓоргиев. Историчарот Митко Панов, кој е дел од новиот состав кажа дека е не може пред време да се кажуваат очекувања од средбата, но вели оптимист е дека доколку се постигнат начелата на слободно изразување на ставовите за историјата, можно е да има напредок во разговорител.

  •  Ќе видиме како понатаму ќе се делува. Она што е охрабрувачки е фактот дека како тим на историчари сме оставени слободно да ги изразуваме своите ставови и своите научни гледишта. Впрочем, со министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски имавме протоколарна средба на која беше дециден дека ние како историчари и како комисија, формално сега, апсолутно имаме академска слобода на делување за какви било одлуки што ќе ги донесеме, ако ги донесеме, и за какви било дискусии во рамките на комисијата. Така што, тоа е за поздравување“ рече Митко Панов – Член на историската комисија.

Нов претседател на македонскиот тим во заедничката Комисија за историски и образовни прашања помеѓу Македонија и Бугарија е Ванчо Ѓорѓиев, професор на Филозофскиот факултет во Скопје, а покрај него челнови се Митко Панов, Александар Литовски, Никола Минов, Сашо Додевски, Бесник Емини и Димитар Љоровски.

Оваа средба доаѓа по шест месеци, претходно историчарите се сретнаа во мај во Софија, кога македонскиот дел од комисијата го водеше Драги Ѓоргиев.

Видео од прилогот на ТВ Алфа

 

Најнови вести од Македонија

To top