Македонија Белград ќе го спасува Скопје?

Српска НВО најавува и се противи на белградска донација од 100 автобуси за Скопје и Македонија?!

Оваа намера е произволен, неразумен и штетен потег за главниот град на Србија, изјави за агенцијата БЕТА, директорот на Центарот за локална самоуправа и поранешен градски советник Никола Јовановиќ.

Српска НВО најавува и се противи на белградска донација од 100 автобуси за Скопје и Македонија?!

Градот Белград планира да им отстапи 100 автобуси од марката Соларис на Скопје и на други градови вo Македонија. Дали со ова,  Србија ќе ги реши проблемите на ЈСП-Скопје?

Оваа намера е произволен, неразумен и штетен потег за главниот град на Србија, изјави за агенцијата БЕТА, директорот на Центарот за локална самоуправа и поранешен градски советник Никола Јовановиќ.

„Во ситуација кога јавниот превоз е во криза, а граѓаните покажуваат големо незадоволство од неговата состојба, откажувањето од 100 сигурни и популарни автобуси поради нечиј личен маркетинг и каприци би бил антибелградски потег“, рече Јовановиќ во изјавата.

Тој оцени дека крајниот мотив на ваквиот потег на градската власт нема да биде наводното подмладување на возниот парк, туку „одмаздата“ на градоначалникот Александар Шапиќ кон неговите претходници во Белград и создавањето простор за дополнителните увоз на турски автобуси на гас, чиј квалитет е далеку под оној на европските производители и не одговараат на потребите на Белград.

Производителот на автобусите Соларис е фабрика од Шпанија, но во информациите досега не е јасно за какви автобуси станува збор и дали оваа намера е во координација со Град Скопје.

 

Најнови вести од Македонија

To top