Свет италија

ВИДЕО: Авион на Рајанер се запали пред полетување, патниците евакуирани

ВИДЕО: Авион на Рајанер се запали пред полетување, патниците евакуирани

Авион на „Рајанер“, кој требало да лета од Бриндизи до Торино, денеска итно е евакуиран откако еден од моторите ненадејно се запалил.

Во инцидентот се евакуирани 184 патници, а капетанот одлучил да ги активира лизгалките за итна евакуација. Набргу потоа пожарникарите успеале да го изгаснат пожарот.

Иако причината за пожарот се уште не е позната, аеродромот соопшти дека инцидентот се случил додека авионот бил на местото на полетување. Локалните власти во областа Апулија, каде што се наоѓа Бриндизи, побараа итна истрага за безбедноста на летовите на Рајанер поради се почестите инциденти.

Официјалните лица потсетија на неодамнешните инциденти: само два дена претходно, гумите на авион на Рајанер експлодираа при слетување во Бергамо, што го затвори аеродромот неколку часа, иако никој не беше повреден. Минатиот мај летот од Бари до Лондон мораше да се врати назад поради проблеми со инструментите, додека летот од Болоња до Брисел принудно слета во Луксембург поради пожар во авионот.

Овие инциденти се само дел од серијата проблеми што го погодија Рајанер во Италија и низ Европа во последните месеци.

To top