Македонија мвр

Средба на министерот Тошковски со претставничката на УНИЦЕФ, Милер

Нагласена беше и заложбата на МВР кон континуирана обука на полициските службеници во справување со случаи во кои жртви на насилство се децата.

Средба на министерот Тошковски со претставничката на УНИЦЕФ, Милер

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна средба со новоименуваната претставничка на УНИЦЕФ во земјата, Лесли Милер.

Министерот Тошковски ја изрази својата благодарност за тридецениското партнерство на УНИЦЕФ со нашата земја и потенцираше дека промените на подобро во општеството можат да започнат токму со унапредување и заштита на правата на децата.

Акцент на средбата, покрај повеќето аспекти на соработка на МВР и УНИЦЕФ, беше ставен и на проектот за онлајн заштита на децата од насилство и сексуална експлоатација, чиј носител е Секторот за компјутерски криминал. Проектот е насочен кон онлајн заштита на децата од насилство и сексуална експлоатација, вклучително и преку спречување на нелегална трговија со луѓе, во поддршка на националната стратегија за ставање на крај на насилството врз децата (2020-2025), новата стратегија за борба против сајбер криминалот, јакнење на едукативните кампањи и свесноста, развивање на механизами за превенција, јакнење на капацитетите, усогласување на законодавството итн.

Нагласена беше и заложбата на МВР кон континуирана обука на полициските службеници во справување со случаи во кои жртви на насилство се децата.

Најнови вести од Македонија

To top