Познати Работела на себе

Разводот на Весна Змијанац оставил последици врз Николија: Имам страв од напуштање и недоверба во љубовта

Николија долги години е во вонбрачна заедница со раперот Реља Поповиќ, со кој има две ќерки – Реа и Хана.

Разводот на Весна Змијанац оставил последици врз Николија: Имам страв од напуштање и недоверба во љубовта

Николија Јовановиќ порасна со нејзината мајка, пејачката Весна Змијанац, која беше разведена од таткото на Николија, Владо Јовановиќ.

Популарната пејачка неодамна јавно проговори за влијанието на разводот на нејзините родители врз нејзиниот живот и истакна дека и требало долго време да се справи со тоа и дека разделбата на нејзините родители оставила длабока трага на нејзиниот емотивен и ментален развој.

Николија тогаш призна дека долго време не верувала во љубов.

-Тоа ме погоди, имам страв од напуштање, недоверба во љубовта, воопшто во заедницата. Mи требаше многу работа на себе за да го сменам моделот што го гледав, да излезам од таа рамка, изјави таа еднаш за „Блиц“.

Да потсетиме, Николија Јовановиќ долги години е во вонбрачна заедница со раперот Реља Поповиќ, со кој има две ќерки – Реа и Хана.

Најнови вести од Познати

To top