Македонија По протестот

Платите на вработените во ФЗО остануваат исти до мај

Буџетот на ФЗО е над 46 милијарда денари и од него за плати се издвојуваат 1,19 проценти. 

Платите на вработените во ФЗО остануваат исти до мај

В.д. директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) Асаф Абдурамани вечерва, на својот фејсбук профил соопшти дека е донесена одлука за иста вредност на платите до 31 мај 2024 година.

-Почитувани колеги, соработници на Фондот за здравствено осигурување, денеска со премиерот Талат Џафери донесовме заедничка одлука за иста вредност на платите до 31 мај 2024 година. Оваа одлука ќе трае до трајното решение кое секогаш ќе биде во корист на вработените. Му благодариме на премиерот Џафери и на владиниот кабинет за стручната поддршка за надминување на овој проблем, наведува Абдурамани.

Вработените во ФЗО бараа платите годинава да им бидат во висина на декемвриската плата од 2023 година,со утврденото зголемување од 15 отсто. Тие од вчера стапија во штрајк, изразувајќи незадоволство од можното намалување на платите. Според синдикатот, одлуката за платите ја чекаа 831 вработен во Фондот. Ако имаше намалување, 25 проценти ќе добиваа плата под минималната, а 25 отсто колку минималната плата.

Буџетот на ФЗО е над 46 милијарда денари и од него за плати се издвојуваат 1,19 проценти.  (MIA)

Најнови вести од Македонија

To top