Свет АНСА

ХОРОР: Мајка и нејзините три деца ги загубија животите во пожар во Болоња

Постарото женско дете имало шест години, а помалото две години, како и машкото дете, нејзин брат близнак.

ХОРОР: Мајка и нејзините три деца ги загубија животите во пожар во Болоња

Една жена и нејзините три мали деца изутрината ги загубија животите во пожар во нивниот стан во Болоња, јавува италијанската новинска агенција АНСА.

Жената, романска државјанка, починала на пат кон болница, додека две женски деца и едно машко дете починале во станот, на четврти кат од зградата, како последица на вдишување чад во спалната соба во која се наоѓале, соопшти полицијата.

Постарото женско дете имало шест години, а помалото две години, како и машкото дете, нејзин брат близнак.

Нивниот татко бил на работа кога се случила трагедијата.

Пожарот најверојатно е предизвикан од дефект на електричните инсталации, а истрагата е во тек, наведува АНСА.  (МИА)

Најнови вести од Свет

To top