Хроника

Двајца повредени во сообраќајка на Валандовско брдо

Двајца повредени во сообраќајка на Валандовско брдо

На 26.04.2024 околу 00.25 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на регионален пат Валандово – Струмица, на место викано „Валандовско брдо“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од К.Т.(31) од Гевгелија и патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.Д.(30) од Струмица, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Д., а со телесни повреди се здобил К.Т., констатирани во Медицински центар Гевгелија.

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Валандово.

To top