Кошарка

Дербито на Западот во НБА лигата за Голден Стејт

Дербито на Западот во НБА лигата за Голден Стејт

Дербито на Западот помеѓу Лос Анџелес Лејкерс и Голден Стејт им припадна на Вориос кои славеа со 121-128 во „Ел-еј“.

До триумф ги предводеше Стеф Кари со 31 поен, 6 скокови и 5 асистенции, додека Леброн Џејмс беше прво име за домашниот тим со 40 поени, 9 асистенции и 8 скокови.

Чикаго им се врати на победите во НБА лигата откако изминатата вечер славеше со 127-98 против Вашингтон на крилја на црногорскиот центар Никола Вучевиќ кој натпреварот го заврши со дабл-дабл учинок од 29 поени и 13 скокови за 29 минути поминати во игра.

Њујорк пак го забележа третиот триумф во низа откако славеше со 91-98 на гостувањето кај Сакраменто. Лидер на гостите беше Брансон со 42 поени, додека кај домашниот тим прво име беше Сабонис со 21 поен и 14 скокови.

Во остнатите натпревари: Хјустон – Кливленд 117-103, Индијана – Бруклин 121-100, Њу Орлеанс – Портланд 126-107, Филаделфија – Шарлот 109-98, Мемфис – Оклахома 112-118 и Јута – Минесота 100-119.

To top