Останати спортови

Ана Ивановиќ му се враќа на тенисот

Ана Ивановиќ му се враќа на тенисот

Поранешниот светски женски тениски рекет број еден, Србинката Ана Ивановиќ, наполни 36 години, а нејзината објава на својот профил на друштвената мрежа  Инстаграм крена голема прашина меѓу љубителите на тенисот.

Дали би можела да се врати на теренот? Сме виделе многу тенисерки да се обидат, како Ким Клајстерс и Каролин Вознијацки, дали Србинката ќе тргне по нивните стапки?

Таа на социјалните мрежи се фотографираше со рекет во рацете и заигра неколку удари, покажувајќи дека не заборавила како се удира топката, особено од нејзиниот познат форхенд.

На друштвената мрежа Инстаграм, Ана ја следат над 1,5 милиони фанови, а таму може да се види и прочита дека Ана се уште има голема љубов кон белиот спорт и дека никогаш нема да престане.

„Повеќе од спорт и бескрајна љубов, тоа се кусите пораки на Ана  под фотографијата и видеата од теренот.

To top