Хроника Железара

Детали за ужасот: Лекарот не бил убиен во автомобилот во кој беше пронајден, телото му е донесено на паркингот

-Од страна на Министерството за внатрешни работи собрани се докази и според тоа што досега е утврдено може да кажам дека лицето не е убиено во автомобилот. Како е донесено на паркингот не можам да кажам за да не ја нарушиме истрагата, изјави Бојмацалиев. 

Детали за ужасот: Лекарот не бил убиен во автомобилот во кој беше пронајден, телото му е донесено на паркингот

Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев во изјава за МИА потврди дека лекарот кој беше пронајден мртов на паркингот пред поликлиниката Железара, според досегашните сознанија, не бил убиен во автомобилот во кој беше пронајден.

-Од страна на Министерството за внатрешни работи собрани се докази и според тоа што досега е утврдено може да кажам дека лицето не е убиено во автомобилот. Како е донесено на паркингот не можам да кажам за да не ја нарушиме истрагата, изјави Бојмацалиев.

Шеесет и седумгодишниот матичен лекар беше пронајден мртов со убодни рани во возило на паркингот пред поликлиниката Железара. Според пријавата во полиција, тој бил пронајден од неговите синови кои почнале да го бараат бидејќи не се вратил дома од работа.

To top