Водата игра важна улога во процесот на согорување на мастите, но не на тој начин кој директно ги топи. Наместо тоа, таа помага преку неколку механизми, кои ги поддржуваат слабеењето и намалувањето на масните наслојки, особено во абдоминалниот дел, советува нутриционистка од Лондон.
Го забрзува метаболизмот – пиењето доволно вода го зголемува метаболизмот за 24 до 30 % во наредните 60 минути. Овој ефект помага телото да согорува повеќе калории, дури и во мирување.
Телото не може ефикасно да ги разградува мастите (процес наречен липолиза) без доволно вода. Водата е неопходна за разложувањето на масните клетки и за нивното искористување како извор на енергија.
Понекогаш телото ги меша сигналите за жед и за глад. Пиењето вода пред оброк може да помогне во намалувањето на апетитот и внесувањето вишок калории. Истражувањата покажуваат дека луѓето што пијат вода пред јадење, консумираат 22 % помалку храна.
Кога не добива доволно вода, телото почнува да ја задржува како механизам за преживување, што може да предизвика надуеност и привидно зголемување на стомакот. Со правилна хидратација, телото ги исфрла вишокот вода и токсините, што го прави стомакот помалку надуен.
Редовното внесување вода го подобрува варењето и спречува запек, што е чест проблем, кој предизвикува подуеност и чувство на тежина во стомакот.
Водата е клучна за ефикасноста на мускулите при вежбање. Дехидратацијата го намалува нивото на енергија, додека добрата хидратација помага за подобри резултати при физичка активност, што директно придонесува за согорување на мастите.
Општата препорака е 2–3 литри дневно, но количината зависи од телесната тежина, физичката активност и од климата. Доколку вежбате интензивно или сте изложени на високи температури, потребно е да внесувате повеќе вода.
Совети за подобра хидратација:
– Пијте чаша вода пред секој оброк – ќе јадете помалку.
– Додајте лимон, краставица или нане за подобар вкус и за дополнителни здравствени придобивки.
– Секогаш носете шише со вода со себе за да не заборавите да пиете.
– Заменете ги засладените пијалаци со вода за да избегнете непотребно внесување шеќери и калории.
Водата нема магично да ги стопи масните наслојки околу стомакот, но е еден од најважните фактори за ефикасно согорување на мастите, регулирање на апетитот и за подобрување на метаболизмот. Кога се комбинира со здрава исхрана и со редовна физичка активност, таа станува еден од најмоќните природни сојузници во процесот на слабеење.