Многу луѓе не консумираат доволно вода, а не се ни свесни за последиците што тоа ги има врз нивното здравје. Докторката Надира Авал објасни за што станува збор.
Таа изјави дека е најдобро да пиете вода во текот на целиот ден, наместо да чекате додека не почувствувате жед. Главоболките се ран знак на дехидрација.
„Како што телото дехидрира, производството на плунка се намалува, што предизвикува сува уста. Усните исто така можат да бидат суви и испукани“, изјави таа за Metro.co.uk.
Кога телото не е доволно хидрирано, кожата станува помалку флексибилна. Авал рече дека постои едноставен тест за кожата каде што нежно ја штипнувате и ослободувате кожата на задниот дел од раката.
„Ако кожата не се врати наскоро во својата нормална положба и наместо тоа изгледа „затегната“, тоа може да биде индикација за дехидрација“, објасни таа.
Дехидрацијата, исто така, влијае на вашето ниво на енергија. Заморот е чест знак за оваа состојба, но многу луѓе го игнорираат. Како што дехидрацијата станува поекстремна, симптомите стануваат потешки. Се јавуваат забрзан срцев ритам, отежнато дишење итн.
Во екстремни случаи на дехидратација, ранливите популации, вклучувајќи ги постарите лица и децата, треба да побараат медицинска помош. Авал им советува на мажите да пијат три литри вода секој ден. Жените треба да пијат околу два литра вода секој ден.