Ракомет нов ракометар во редовите на скопскиот тим

Кеита нов ракометар во редовите на РК Вардар

Кеита нов ракометар во редовите на РК Вардар

РК Вардар 1961 продолжува да го гради тимот за наредната сезона, а најново договорено засилување е Махамаду Кеита.

Кеита е 29-годишен француски интернационалец кој во Скопје ќе пристигне од Шпанија од прволигашот Пуенте Хенил.

Тој претходно има играно и за Ла Риоха, Бенфика со која ја освои Лига Европа, додека во својата татковина беше дел од Иври и ЦСМ.

Тој ја покрива позицијата лево крило и треба да биде адекватна замена за Марко Срдановиќ.

„Црвено-црните“ претходно ги обезбедија потписите на Марек Марцинијак, Милош Валах и Виктор Јанковски.

To top