Вести блиски исток

Трамп тврди дека САД уништиле 58 ирански бродови за два дена

Според него, САД имаат „најголемата морнарица во светот“ и се справуваат „исклучително добро“

Трамп тврди дека САД уништиле 58 ирански бродови за два дена

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Иран „веќе нема морнарица“ и дека американските сили уништиле 58 ирански бродови за само два дена.

Според него, САД имаат „најголемата морнарица во светот“ и се справуваат „исклучително добро“.

„Нема да дозволиме Иран да развие нуклеарно оружје“, наведе Трамп, додавајќи дека Иран досега би го користел таквото оружје доколку го имал.

Претходно американскиот претседател ги критикуваше сојузниците на НАТО за, како што рече, нивното одбивање да учествуваат во операциите против Иран и додаде дека Вашингтон ќе „запамети“ за таквото нивно однесување.

Најнови вести од Вести

To top