Свет во брисел

Знамето на Шведска во понеделник ќе биде подигнато пред седиштето на НАТО

Знамето на Шведска во понеделник ќе биде подигнато пред седиштето на НАТО

Знамето на Шведска, која од денеска стана полноправна членка на НАТО, во понеделник ќе биде подигнато пред седиштето на Алијансата во Брисел. Ова го соопшти генералниот секретар на Пактот, Јенс Столтенберг.

Веќе е официјално дека Шведска е 32-та држава во НАТО. Така, земјата го зазема заслуженото место меѓу сојузниците, напиша Столтенберг на социјалната мрежа „Икс“.

Screenshot / X / Jens Stoltenberg

Влегувањето на Шведска во НАТО го прави пактот посилен, а земјата побезбедна, додаде Столтенберг.

To top