Протестите започнаа спонтано во вторникот и се поддржани од трите главни шпански здруженија на земјоделци во земјата.
Десетици трактори денеска го опколија регионалниот парламент во Барселона, откако земјоделците ја поминаа ноќта во центарот на тој град.
Земјоделците на трактори го прекинаа сообраќајот и во помалите градови низ земјата, вклучувајќи ги Авила и Виторија.
Шпанското Министерство за внатрешни работи соопшти дека полицијата привела 12 лица за време на протестите денеска, кои вклучија блокади на неколку големи центри за дистрибуција на стоки.
Транспортното здружение „Фенадисмер“ соопшти дека блокадите на земјоделците влијаеле на повеќе од 80.000 камиони.
Протестите ја поттикнаа Владата да подели дополнителни 269 милиони евра субвенции за околу 140.000 земјоделци, а Европската комисија се откажа од планот за преполовување на употребата на пестициди во земјите на ЕУ.
Шпанските земјоделци се приклучија на протестите на земјоделците од Германија, Франција, Италија и Белгија.
Земјоделците ширум ЕУ тврдат дека правилата на ЕУ штитат од нелојална конкуренција од други земји. Земјоделците се против увозот на големо количество евтини производи од Украина, за кои ЕУ ги укина квотите и царините, како и склучувањето договор за слободна трговија меѓу Унијата и јужноамериканскиот блок Меркосур.