Свет Средба

Зеленски: Со Милатовиќ разговарав за лекување и рехабилитација на украински војници во Црна Гора

Зеленски и Милатовиќ разговараа во Тирана, каде што учествуваа на Самитот Украина – Југоисточна Европа.

Зеленски: Со Милатовиќ разговарав за лекување и рехабилитација на украински војници во Црна Гора

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски соопшти дека со претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ разговарале за лекување и рехабилитација на украински војници во Црна Гора.

Зеленски и Милатовиќ разговараа во Тирана, каде што учествуваа на Самитот Украина – Југоисточна Европа.

„Имав средба со претседателот Јаков Милатовиќ и ѝ се заблагодарив на Црна Гора за гостопримството на Украинците кои избегаа од војната. Разговаравме и за лекување и рехабилитација на украински војници во Црна Гора. Благодарен сум на Црна Гора што се приклучи кон Декларацијата на Г7 од Вилнус и украинската формула за мир. Го информирав претседателот Милатовиќ за првиот Глобален самит за мир во Швајцарија како дел од нашите напори за постигнување праведен и траен мир. Го координиравме и продолжувањето на меѓународната соработка меѓу Украина и Црна Гора“, напиша Зеленски во објава на социјалната мрежа Икс.  (МИА)

To top