Свет

Заврши втората рунда преговори меѓу САД и Иран во Женева

Во Женева денеска заврши втората рунда нуклеарни преговори меѓу САД и Иран, дознава „Аксиос“ од неименуван американски функционер.

Заврши втората рунда преговори меѓу САД и Иран во Женева

Во Женева денеска заврши втората рунда нуклеарни преговори меѓу САД и Иран, дознава „Аксиос“ од неименуван американски функционер.

Како што претходно објави иранското Министерство за надворешни работи, втората рунда индиректни нуклеарни преговори меѓу Иран и САД се одржаа во амбасадата на Оман во Женева.

ТВ „Прес“ претходно објави дека преговорите се фокусирани на нуклеарното прашање и укинувањето на санкциите на САД, а форматот на разговорите го следеше претходната рунда, одржана на 6 февруари во Мускат.

Иранската делегација ја предводи шефот на дипломатијата, Абас Арагчи, со заменици за политички, правни и економски прашања, како и технички и правни експерти.

Во пресрет на преговорите, Арагчи нагласи дека Иран нема да подлегне на заканите и дека влегува во преговорите со цел да се постигне фер и балансиран договор.

Еден ден пред почетокот на разговорите Арагчи се сретна со генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, за да разговараат за технички прашања и соработката на Техеран со агенцијата.

Тој исто така се сретна со својот омански колега, Бадр бин Хамад ал-Бусаиди, кој посредува во преговорите.

Разговорите се одржуваат во контекст на зголемени регионални тензии, вклучително и распоредување американски воени сили во регионот.

Техеран предупреди дека ќе одговори на секој чин на нов воен притисок, како што беа минатогодишните напади врз нуклеарните постројки на Иран.

To top