Свет

Засега не е планирана средба меѓу Фон дер Лајен и Трамп на Самитот на НАТО

Портпаролот повика да се почека до Самитот за дополнителни информации.

Засега не е планирана средба меѓу Фон дер Лајен и Трамп на Самитот на НАТО

Не е предвидена билатерална средба меѓу претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и американскиот претседател Доналд Трамп за време на самитот на НАТО на 24-25 јуни во Хаг, соопшти портпаролот на ЕК на прес-конференција, одговарајќи на прашање поврзано со трговските преговори меѓу Брисел и Вашингтон.

Портпаролот повика да се почека до Самитот за дополнителни информации.

Тој додаде дека Фон дер Лајен и високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, денеска ќе дадат изјава за новите европски санкции против Русија. Следниот пакет санкции се очекува да вклучи ограничувања на цената на руската нафта и гасоводот „Северен тек“. Овие прашања ќе бидат дискутирани и на Самитот на Г7 во Канада следната недела, каде ќе присуствува Фон дер Лајен.

To top