Свет Покрената е истрага

Во Турција продолжува потрагата по уште рудари по свлечиште во рудник за злато

Свлечиштето се случило вчера во рудникот Коплер кај Илич, во планинската провинција Ерзинџан во источниот дел на Турција.

Во Турција продолжува потрагата по уште рудари по свлечиште во рудник за злато

Стотици спасувачи во Турција и денеска ја продолжуваат потрагата по најмалку девет работници затрупани во рудник за злато во источниот дел на земјата, кој беше погоден од огромен одрон.

Свлечиштето се случило вчера во рудникот Коплер кај Илич, во планинската провинција Ерзинџан во источниот дел на Турција.

Околу 800 спасувачи, вклучително и полициски и воени екипи се распоредени во потрага по девет рудари, за кои се стравува дека останале затрупани во рудникот, изјави денеска министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.

Покрената е истрага за оваа катастрофа, а експертите во меѓувреме предупредија дека свлечиштето може да претставува ризик за животната средина.

Рудникот бил затворен во 2020 година по истекување на цијанид во река што минува низ Турција, Сирија и Ирак. Повторно беше отворен две години подоцна, откако компанијата беше казнета и заврши акцијата за чистење.  (МИА)

Теми на денот

To top