Свет

Во Швајцарија пронајдени пет безживотни тела на исчезнати скијачи

Во Швајцарија пронајдени пет безживотни тела на исчезнати скијачи

Полицијата на швајцарскиот кантон Вале денеска соопшти дека пронашла пет безживотни тела на луѓе кои исчезнале за време на скијачка тура во близина на алпскиот град Зермат.

Потрагата по шестиот скијач се уште трае, јави швајцарскиот јавен сервис РТС.

Скијачите исчезнаа во саботата во близина на планината Тет Бланш, на патеката Зермат-Арола, во близина на планината Матерхорн, која се протега блиску до граничната област меѓу Швајцарија и Италија.

За лоцирање на скијачите беа мобилизирани значителни ресурси, но екстремните временски услови во изминатите 24 часа ги отежнаа спасувачките операции. Невремето на југот на Алпите го оневозможи полетувањето на хеликоптерот, а во ноќта меѓу саботата и неделата спасувачкиот тим беше принуден да ја напушти операцијата поради многу лошите временски услови и големата опасност од лавини.

To top