Свет украина

Во рускиот ракетен напад во Одеса загинаа 14 лица, а 46 се повредени

Во рускиот ракетен напад во Одеса загинаа 14 лица, меѓу кои локални жители, лекар и спасувач, а 46 лица се повредени, меѓу кои седуммина вработени во Државната служба за итни случаи“, објави на „Телеграм“, претседателот на регионалната воена управа на Одеса, Олег Кипер.

Во рускиот ракетен напад во Одеса загинаа 14 лица, а 46 се повредени

Тој посочува дека на повредените им е пружена неопходна помош, а сите надлежни служби ги отстрануваат последиците од непријателскиот напад.

„Службите за спроведување на законот регистрираа уште едно злосторство извршено од Русите. Утре ќе биде прогласена жалост во Одеса и во регионот. Изразувам искрено сочувство до роднините на загинатите“, изјави регионалниот гувернер.

Оштетена е цивилната инфраструктура: станбени објекти, стопански објекти, автомобили.

To top