Свет Газа

Во Катар продолжуваат индиректните преговори помеѓу Израел и Хамас

Во главниот град на Катар, Доха утрово продолжија индиректните преговори помеѓу Израел и Хамас за прекин на огнот во Појасот Газа

Во Катар продолжуваат индиректните преговори помеѓу Израел и Хамас

Во главниот град на Катар, Доха утрово продолжија индиректните преговори помеѓу Израел и Хамас за прекин на огнот во Појасот Газа.

Според неименувани палестински извори, досега не е постигнат никаков напредок, но продолжуваат преговорите.

Тие додадоа дека преговорите се фокусираат на механизми за спроведување на договорот, посебно на клаузулите што се однесуваат на повлекување на израелската армија и хуманитарната помош за Палестинците.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, на синоќешната средба со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, истакна дека Хамас е подготвен да прифати прекин на огнот.

Израелска и палестинска делегација трет ден преговараат со посредство на странски медијатори за завршување на 21-месечната војна во Појасот Газа.

To top