Свет глобално ниво

Во јануари измерени рекордно високи температури на воздухот

Во јануари измерени рекордно високи температури на воздухот

Минатиот месец беше најтоплиот јануари забележан на глобално ниво, наведува Службата за климатски промени на ЕУ Коперник (ЦЦЦС).

Заменик директорката на ЦЦЦС, Саманта Бурџис истакна дека 2024 година почна со уште еден месец за соборување на рекорди.

Не само што ова беше најтоплиот јануари досега, туку штотуку доживеавме 12-месечен период од повеќе од 1,5 степени Целзиусови над прединдустрискиот референтен период. Брзото намалување на емисиите на стакленички гасови е единствениот начин да се запре порастот на глобалните температури, истакна Бурџис.

Според Коперник, минатиот месец воздухот бил за 0,7 степени Целзиусови потопол од просекот од периодот од 1991 до 2020 година за јануари и 1,66 Целзиусови степени потопло од јануарски просек во периодот од 1850 до1900 година.

Јануарскиот просек исто така беше за 0,12 Целзиусови степени повисок од температурата во претходниот најтопол јануари 2020 година. Тоа значи дека последните осум последователни месеци биле најтоплите досега.

Според Коперник, натпросечните температури во источна Канада, северозападна Африка, Блискиот Исток и централна Азија најмногу придонеле за ваквите високи бројки, според Коперник.

Сепак, потпросечни температури беа забележани во западна Канада, централниот дел на САД и поголемиот дел од источен Сибир.

Температурите во Европа варираат во јануари 2024 година од под просекот во нордиските земји до натпросечните на југот на континентот.

Претходно шпанското Министерство за животна средина го прогласи јануари за најтопол во земјата од почетокот на рекордите во 1961 година, со просечна температура од 8,4 Целзиусови степени, 0,4 Целзиусови степени над претходниот рекорд измерен во 2016 година.

Нордиските земји забележаа некои од најниските температури во изминатите децении. Во шведскиот град Квикјок на 3 јануари измерени се минус 43,6 Целзиусови степени, што е најстудената јануарска температура забележана во Шведска во изминатите 25 години.

Минатата година беше одбележана и со феноменот на затоплување Ел Нињо, при што температурите на морскиот воздух генерално останале на невообичаено високо ниво.

Во меѓувреме, арктичкиот морски мраз беше блиску до просекот и највисок за јануари од 2009 година, додека морскиот мраз на Антарктикот беше шести најнизок за јануари, со 18 проценти под просекот.

Најнови вести од Свет

To top