Свет Анализа

Во Газа се уништени 40 отсто од зградите, а во Кан Јунис 67 отсто

Потезите за уривање се чини дека се дел од планот за изградба на тампон зона широка 960 метри во Газа.

Во Газа се уништени 40 отсто од зградите, а во Кан Јунис 67 отсто

Израел урна речиси 40 отсто од 2.824 згради во Појасот Газа на еден километар од границата, се наведува во студијата на Хебрејскиот универзитет објавена во весникот „Волстрит журнал“.

Потезите за уривање се чини дека се дел од планот за изградба на тампон зона широка 960 метри во Газа.

Во близина на Кан Јунис во јужниот дел на Газа, каде што пограничната зона е најгусто населена, според студијата на професорот Ади Бен Нун, кој ги анализирал сателитските снимки, околу 67 отсто од зградите биле уништени.

Сегашни и поранешни израелски функционери изјавија за весникот дека некои структури во рамки на планираната зона, кои ќе варираат по ширина во зависност од различни фактори, може да бидат оставени на место. (МИА)

To top