Свет ИДФ

Во џамија во Газа пронајдена просторија што Хамас ја користел за обука

Во соседната просторија, според израелската армија, била пронајдена опрема што се користела за изработка на експлозивни направи.

Во џамија во Газа пронајдена просторија што Хамас ја користел за обука

Израелската армија (ИДФ) денеска соопшти дека нејзини припадници откриле место за обука на палестинската милитантна група Хамас во џамија во Џабалија на северот од Појасот Газа.

ИД објави видео на кое се гледа како војник ја обиколува џамијата и открива соба на третиот кат што Хамас наводно ја користи за да симулира борби, пишува Тајмс оф Израел.

Во соседната просторија, според израелската армија, била пронајдена опрема што се користела за изработка на експлозивни направи.

„Покрај тоа, во џамијата се пронајдени неколку парчиња огнено оружје, гранати и воена опрема“, се вели во соопштението на ИД.

Теми на денот

To top