Свет

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Москва на средба со Путин

Специјалните пратеници на САД Стив Виткоф и Џаред Кушнер вечерва пристигнаа во Москва на разговори со рускиот претседател Владимир Путин во обид за постигнување мировен договор за Украина.

Авионот со американската делегација слета на московскиот аеродром во 22:35 часот по локално време, потврди новинската агенција ТАСС.

Виткоф и Кушнер пристигнуваат во руската престолнина директно од Швајцарија, каде што во текот на неделата остварија серија средби со високи украински претставници во рамките на Светскиот економски форум во Давос. Претходно денеска, во швајцарското одморалиште се одржа и клучната средба меѓу претседателите на САД и на Украина, Доналд Трамп и Володимир Зеленски.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, потврди дека средбата на претседателот Путин со Виткоф и Кушнер ќе се одржи доцна вечерва. Се очекува главна тема на разговорите да биде американскиот предлог за прекин на непријателствата и рамката за иден мировен договор.

To top