Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев е подготвен да ги предаде севернокорејските војници на нивниот лидер Ким Џонг Ун, доколку тој може да обезбеди нивна размена за украинските војници заробени во Русија.
-Покрај првите заробени војници од Северна Кореја, сигурно ќе ги има повеќе. Прашање на време е кога нашите војници ќе успеат да заробат и други, напиша Зеленски на X.
Зеленски во саботата соопшти дека Украина заробила двајца севернокорејски војници во рускиот регион Курск.
Според украинските и западните проценки, околу 11.000 војници од Северна Кореја се во регионот Курск за да им помогнат на руските сили. Русија ниту го потврди ниту го демантираше нивното присуство.
Зеленски наведува дека руските и севернокорејските сили претрпеле големи загуби.
„Украина е подготвена да му ги предаде војниците на Ким Џонг Ун доколку тој може да организира нивна размена со нашите воини заробени во Русија“, рече Зеленски.
Зеленски рече дека може да има други опции за севернокорејските војници кои не сакаат да се вратат дома „и дека на оние кои изразуваат желба да го доближат мирот со ширење на вистината за оваа војна на корејски јазик ќе им биде дадена таа опција“.
In addition to the first captured soldiers from North Korea, there will undoubtedly be more. It’s only a matter of time before our troops manage to capture others. There should be no doubt left in the world that the Russian army is dependent on military assistance from North… pic.twitter.com/4RyCfUoHoC
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) January 12, 2025