Свет

ВИДЕО: Најмалку 45 загинати при уривање на брана во западна Кенија

ВИДЕО: Најмалку 45 загинати при уривање на брана во западна Кенија

Најмалку 45 луѓе загинаа, а десетици се водат како исчезнати кога рано утринава се урна брана во западна Кенија, поплавувајќи куќи и главен пат, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Старата брана Киџабе, која се наоѓа во делот Маи Махиу од областа на Големата раседна долина, која е подложна на поплави, се урна и водата се излеа низводно, носејќи кал, камења и откорнати дрвја, изјави полициски функционер.

На еден од најпрометните автопати во Кенија возилата го зафатија наноси по што службите за итни случаи ги спасуваа повредените откако водата покри големи делови од територијата.

Црвениот крст на Кенија соопшти дека 109 лица се пренесени во болница, а 49 се водат како исчезнати.

Обилните дождови во Кенија предизвикаа поплави во кои речиси 100 луѓе веќе ги загубија животите. Земјата од средината на март ја зафатија обилни врнежи, а метеоролошката служба предупредува дека се очекуваат нови врнежи.

To top