Бел чад се издигна од оџакот на Сикстинската капела попладнево, со што е објавено на јавноста дека кардиналите избрале нов папа, лидер на 1,4 милијарди католици низ светот.
Народот насобран на плоштадот „Свети Петар“ избувна во радосни извици, додека ѕвоната на базиликата одекнуваа, потврдувајќи дека 133-те кардинали електори, затворени во конклава од средата, постигнале двотретинско мнозинство за наследникот на папата Франциск.
Роберт Превост (69) од САД, новиот папа кој го избра името Лав 14, се појави на балконот на базиликата „Свети Петар“ и им се обрати на верниците и светот.