Свет терористички напад

ВИДЕО: Еедн од уапсените напаѓачи признава дека за масакрот во Москва требало да добие 5 илјади евра

Руските медиуми го објавија испрашувањето на еден од приведените за нападот трговскиот центар Крокус во околината на Москва.

ВИДЕО: Еедн од уапсените напаѓачи признава дека за масакрот во Москва требало да добие 5 илјади евра

На видео снимката напаѓачот се претставува, го дава својот датум на раѓање и тврди дека добил инструкции преку Телеграм, каде што „ја слушал лекцијата на проповедникот“, а помошникот на проповедникот го контактирал пред околу еден месец.

За нападот му биле ветени околу 500 илјади рубли (5.000 евра), кои требало да му бидат префрлени на картичката, вели тој во видеото, во кое тврди дека е таксист.

Шефот на Советот за информатичка политика на Државната дума, Александар Хинштајн, изјави дека двајца осомничени се приведени во областа Брјанск, а во автомобилот што го возеле биле пронајдени таџикистански пасоши. ФСБ и Истражниот комитет подоцна објавија и приведување на четворица можни учесници во терористичкиот напад. Одделот не го прецизира државјанството на приведените.

Најнови вести од Свет

To top