Авион на „Џапан Ерлајнс корпорејшн“ (Japan Airlines Co.) се запали денеска на аеродромот Ханеда во Токио, соопшти авиокомпанијата.
Пожарникарската служба во Токио информира дека пожарот можеби бил предизвикан од судир на авион со авион на јапонската крајбрежна стража.
A Japanese Airlines plane seems to have caught fire after crash landing at Haneda Airport
@RadaBoxCom
— Flight Emergency (@FlightEmergency) January 2, 2024
Министерството за земјиште, инфраструктура, транспорт и туризам соопшти дека го истражува случајот.